logo

Updated on 8:55 AM / 12-Jun-2024

Правила и услови на промоцијата „Летен поврат на средства“ на Canon CEE

1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само на купени производи од наведената/прикачената листа подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери во периодот помеѓу 17.06.2024. - 17.08.2024. год., вклучително („Промотивен период”). Промотивните производи може да се продаваат само како куќиште на фотоапарат или како дел од комплет објективи или пакет но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет. Набавките мора да бидат оригинални набавки за готовина или нејзин еквивалент.

1.2. Сите учесници мора да бидат на возраст од18 години и постари и мора да бидат жители на Р. Северна Македонија („Учесник”). 

1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови.

1.4. Сите производи мора да бидат купени во Р. Северна Македонија и мора да биле снабдени и дистрибуирани до трговците од Canon CEE GmbH („Canon”) или групата компании на Canon лоцирани во EEA.  Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Онлајн продавниците мора да прикажат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

Листа на партнери вклучени во промоцијата:

Pixplus

Neptun

Setec

F-Stop

1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon.  Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.

 

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да се квалификуваат за промоцијата, учесниците мора да купат промотивен производ на територијата на Р. Северна Македонија, за време на промотивниот период И да поднесат валидно барање помеѓу 17.06.2024. - 31.08.2024. година.

2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи ги и одредените валидни сериски броеви на EEA производите) на образец за барање на https://www.canon.com.mk/offers/summer-cashback/. Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн набавка, како и слика од серискиот број и EAN код земени од пакувањето на производот. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 48 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 48 часа по изработката на вашето барање, ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.rs 

2.3. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни призводи за време на промотивниот производ.

2.4. Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 31.08.2024. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.

2.5. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.

2.6. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 промотивни производи за време на промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од комплети или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат прифатливи за оваа промоција.

2.7. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

3. ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

3.1. Учесниците ќе добијат поврат на средства во износите прикажани за набавките на промотивните производи.

3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна IBAN исплата на банкарска сметка на учесникот. Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек.

3.3. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.

3.4. Доколку учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.

3.5. Ќе се издаде само една IBAN исплата по важечко барање.

3.6. Ако сте регистрирани за ДДВ во Р. Северна Македонија и добивате поврат на средства, тоа може да ја намали оданочливата вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите вашиот влезен данок.

3.7. Сите даноци, давачки или одговорности наметнати или применливи за повратот на средства, ќе бидат на товар на учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

4. ПРОМОТОР

Промоторот е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100, Виена, Австрија.

 

5. ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените илиагентите на Canon.

5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.

5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во однос на промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

6. ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.

6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon https://www.canon.com.mk/privacy/privacy-notice/.

 

7. ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ

Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

8. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

  Производи Cashback (EUR)
Камери EOS R5 €300
EOS R6 Mark II €200
EOS R8 €120
EOS RP €100
EOS R50 €50
EOS R100 €50
EOS 5D Mark IV €200
EOS 6D Mark II €130
EOS 2000D €40
Powershot V10 €70
Обjективи RF 16mm f/2.8 STM €20
RF 24mm f/1.8 €50
EF 50mm f/1.2 L USM €150
RF 50mm f/1.2 L USM €200
EF 85mm f/1.8 USM €50
EF 85mm f/1.4L IS USM €140
RF 85mm f/2 IS STM €50
RF 85mm f/1.2L USM €200
RF 600mm f/11 IS STM €60
RF 800mm f/11 IS STM €100
RF 5.2mm f/2.8 L DUAL FISHEYE €250
RF 14-35mm f/4L IS USM €100
RF 15-35MM F2.8 L IS USM €150
EF 16-35mm f/2.8L III USM €180
RF-S 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM €50
EF 24-70mm f/2.8L II USM €200
RF 24-70MM F/2.8 L IS USM €200
RF 24-50 F/4.5-6.3 IS STM €50
EF 24-105MM 4L IS II USM €100
RF 24-105mm f/4 L IS USM €70
RF 28-70mm f/2 L USM €250
RF 24-240mm f/4-6.3 IS USM €80
RF-S 55-210 f/5-7.1 IS STM €50
EF 70-200mm f/2.8L IS III USM €150
RF 70-200 f/4 L IS €100
RF 70-200 f/2.8L IS USM €200
EF 70-300f/4-5.6 IS II USM €50
EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM €150
RF 100-400 IS €50
RF 100-500mm f/4.5-7.1L IS USM €150
EF 100mm f/2.8L Macro IS USM €100
RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM €50
RF 100mm f/2.8 L IS MACRO €100

*Cashback исплатата ќе се изврши во денари на ден на уплатата по среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија.